← НАЗАД НА БОЗА

“Шминкање” на бракот

“Шминкање” на бракот
484 Читања

Скоро сите брачни парови ќе се согласат дека одржувањето на успешен брак е вистинска умешност. Со оглед на тоа треба многу да се трудите за да го одржите. Многу е лошо да се преправате дека се е во ред, а всушност не воопшто не е. Во продолжение следат совети за подобрување на бракот.

– Немојте да држите се во себе туку отворено зборувајте за тоа, кажете му се што е поврзано со него, неговата мајка, сестра, брат …

– Ако му помогнете на сопругот во обврските која вообичаено тој ги прави ќе се чувствувате многу подобро. „Откако сум ја презела обврската за плаќање на сметките врз себе, мојот сопруг тврди дека нашиот брак е помалку стресен. Малите работи прават големи промени“ – изјавила 45-годишната Џенифер Ли. Истото важи и за мажите.

– Ако дојдете од работа со лошо расположение и нервоза, одвојте си пет минути да здивнете. Седнете на тераса или соберете ја поштата… разбистрете ги мислите, немојте веднаш да скокате на секој збор на вашиот сакан партнер/ка.

– Нашиот мозок е наше најсилно оружје со кое можеме да ја разбудиме сексуалната желба во себе. Па затоа кога сонувате секси сонови, немој да се срамите да ги споделите со партнерот, напротив применувајте ги и во пракса.

– Кога излегувате со друштво во разговорите изјавите како вашиот партнер е најдобар сопруг, татко и пријател. И на вас ќе ви биде неизмерно драго кога во нареден момент тој ќе ве пофали вас.

– Потсетете се на средношколските денови и раскажувајте ги случувањата од тие денови. Првите излегувања, првите пијанства, првата љубов… такви теми ќе ве расположат.

– Споделете ги најубавите моменти. Легнете заедно покрај детето и читајте му приказна за добра ноќ. Тоа ќе ви донесе радост, љубов и семејна поврзаност.

– Некои истражувања покажуваат дека паровите кои што пијат заедно се поблиски и имаат помалку проблеми во врската, од паровите кои што пијат сами или воопшто не пијат. Нормално сè во граници на нормала. Отворете шише добро вино и пропратено со разговор имајте романтична вечер.

– Колку и да е вашиот распоред и работните обврски пренатрупани, секој од нас секогаш наоѓа пет минути време. Вовлечете и се на вашата сакана под туш, рано наутро или касно навечер и „зачинете“ го денот.

– Доколку на радио или тв засвири песната со која сте го играле првото танго, немојте да ја игнорирате и да се правите дека не ја слушате. Зграпчете го партнерот/ката, играјте и присетете се на најубавиот ден во својот живот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk