За време на вежбање, џогирање или некој поголем напор, многу често се јавуваат грчеви, особено доколку напорот на кој телото е изложено е преголем, предолго трае или пак не и одговара на вашата кондиција. Тогаш, мускулите не добиваат доволно кислород, односно им недостасува енергија, па се создава замор и мускулите се стврднуваат.
Кога ќе почувстувате болен грч, најнапред опуштете се и истегнете ги мускулите, но не премногу силно.
- Потпрете се на ѕид, превиткајте се, ставете ја левата нога пред десната, подигнете ја петицата и тежината на телото префрлете ја напред, па притискајте со десната пета на земјата. Држете ја оваа позиција десет секунди па сменете ја страната.
- Ставете ја ногата на покачена позиција и фатете ги прстите од нозете повлекувајќи ги кон себе, длабоко дишејќи.
- Што побргу изедете банана. Таа содржи калиум кој брзо го неутрализира несаканото дејство на млечна киселина.
- Топла купка со малку морска сол ќе помогне за брзо растворање на млечната киселина и ќе ја ублажи болката.
- Доколку грчот гио зафати бутините, седнете, испружете го коленото, дофатете ги прстите на нозете и влечете ги кон себе.
