Секое семејство се соочува со проблеми од овој тип, па затоа еве неколку корисни совети како да постапите во дадени ситуации.
- Секогаш кога е возможно дозволете им сами да дојдат до решение за нивните кавги. Ова ќе ги научи како понатаму во животот да се однесуваат во конфликтни ситуации и да го најдат најдоброто решение за истите.
- Секогаш трудете се да им посветите еднакво внимание. Тие секогаш ќе бараат повеќе, меѓутоа бидете фер и подеднакво дајте им го вниманието што го заслужува секоe од нив.
- Одредете играчки, предмети и дел од просторот кои детето ќе може да ги нарече свои. Со ова конфликтите ќе бидат сведени на минимум, а детето ќе се почувствува важно и ценето.
- Воведете едноставни и јасни семејни правила. Ова не значи дека треба да ги „укинете“ расправиите, сепак тие се дел од животот на кои од најмала возраст треба да се навикеме и да научиме нешто од нив. Можете, на пример, да им воведете ограничувања и едноставни правила кои ќе ги насочат и ќе ги ублажат идните кавги.
- Вклучете ги децата во задачи или проекти во кои тие заедно ќе можат да најдат решенија и ќе можат да се зближат преку игра или меѓусебно помагање во тешките задачи. По завршената работа замолете ги да поразговараат во врска со активноста.
- Дозволете им меѓусебно сами да си ги одберат подароците за нивните родендени или пак празници.
- Давајте им искрени комплименти подеднакво на сите ваши деца. Секое дете има потреба од сигурност и вреднување и љубов од своите родители.
Најважно е да запомните дека постојат многу придобивки од добрите и силни врски создадени помеѓу вашите деца. Малите деца учат како да ги земаат предвид желбите и потребите на другите. Исто така, учат како да делат предмети, среќа, радост и тага со друг и како да помагаат на други кои имаат потреба.
