Здраво тело

Што да правите кога ќе ви се закачи крлеж?

Убодот од крлеж може да биде доста опасен по здравјето на луѓето, но во повеќето случаи  болката поминува без компликации.  Имено, кога ќе ве убоде крлеж, тој може да пренесе бактериска болест наречена борелиоза или лајмска болест. Во тој случај, две до три седмици по убодот се јавува црвенило во облик на прстен по што веднаш треба да се обратите кај вашиот лекар.

Како да го отстраните крлежот?

Забодениот крлеж претставува особен проблем бидејќи тие ги закопуваат нивните глави во вашата кожа и се држат многу цврсто. Доколку насилно го откорнете, неговата глава може да остане во кожата и да предизвика инфекција. Најдобро е со пинцета да го извлечете многу внимателно, вртејќи го во насока обратна од сказалките на часовникот. Доколку не успеете, можете да се обидете со горење на крлежот. Со врвот на цигара или загреан предмет внимателно допрете го крлежот на стомакот. Високата топлина би требало да го присили да ве пошти.

Истиот ефект можете да го постигнете со капки петролеј, парафин, бензин или хируршки алкохол. И тоа би требало да го натера крлежот да попушти. Имајте на ум дека треба да бидете трпеливи, понекогаш можат да поминат и десетина минути за потфатот да успее. Исто така, бидете внимателни бидејќи споменатите работи се запалливи, па никако не смеете да ги комбинирате со оган, цигара и сл.

Уште една опција е покривање на крлежот со капки восок или лак за нокти. Овие супстанци ќе ги затворат малите отвори за дишење кај крлежот и ќе го задушат.

Како да го исчистите местото на убодот?

Кога конечно ќе го отстраните крлежот, исчистете го местото на вашата кожа со сапун и со вода. Потоа ставете јод или некое друго антисептичко средство за да ја спречите можната инфекција.

Напиши коментар