Дали знаете дека постои и криза на доцни дваесетти години, поради која сè повеќе млади луѓе се чувствуваат изгубено? Анкетата на британската компанија „Entertainment One“, спроведена на повеќе од 2.000 луѓе, покажа дека денес младите луѓе се под голем притисок, поголем од кога било, поради што сè повеќе консумираат цигари, алкохол и дрога.
Како најчеста причина за грижа и за стрес се наведуваат финансиските проблеми (39 проценти), а следуваат проблемите на работа (28 проценти), недостигот на сон (24 проценти) и љубовните проблеми (19 проценти). Веднаш по нив следуваат недостиг на време, караници со партнерот и грижа за здравјето.
„Младите денес сакаат што побрзо да се осамостојат, но за тоа често не се во можност, не можат да најдат работа или не се задоволни од онаа што ја имаат, а сè повеќе ги измачуваат и љубовните проблеми”, пренесува „Дејли мејл“.
Според истото истражување, мажите многу подобро го поднесуваат овој стрес отколку жените, кои се посклони кон земање антидепресиви.
