Motherhood

Што е она што ги зближува татковците и ќерките?

Без разлика колку години имаат, ќерките се и секогаш ќе бидат малите принцези на тато.

Според едно ново истражување активности кои помагаат најмногу при зближувањето на таткото и ќерката се истите оние активности со кои се забавуваат татковците и синовите. Под ова се подразбира спорт, работа околу куќата или патување.

Според резултатите од истражувањето разликата во полови е вистински предизвик кој игра важна улога при обидот на зближување со своите ќерки. Истражувањето на тексашкиот колеџ за уметност и науки Бејлор, покажал дека додека синовите и татковците се ослонуваат на спортските активности како начин на нивно зближување, мајките и ќерките тоа го прават со отворен и искрен разговор.

Исто така, било откриено дека неколку периода влијаат на односот помеѓу таткото и ќерката, а тоа се: пубертетот, семејните проблеми, развод, завршување на школувањето, бракот и мајчинството. Без разлика на тоа кои активности се превземаат, нивниот сложен и хармоничен основ е многу важен за развојот на девојчињата.

Write A Comment