Motherhood

Што е поефективно: Казна или награда?

Со казна детето не може да ја научи животната лекција која сакате да му ја пренесете, затоа разговорот и постоењето на позитивен пример во животот на детето се важни.

Ново истражување кое било спроведено од психолозите на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон,докажало како казната сепак е поефективна од наградување на детето за добро однесување или некои други современи техники на одгледување.

Во едноставен експеримент, научниците на испитаниците им давале казна или награда по носењето на одредена одлука за да видат што има посилен ефект на децата, односно дали ќе ја повторат истата одлука или не. Истражувањето покажало како наградата кај испитаниците ги прави повеќе склони да ја повторат претходната одлука, а ефектот е посилен ако наградата секој пат се зголемува. Но оние кои добиле казна, имало помала веројатност дека повторно ќе ја донесат истата одлука.

Според зборовите на психолозите, казните многу посилно влијаат на мозокот, така да негативните повратни информации се многу поефективни од позитивните повратни реакции во модифицирањето на детското однесување.

Повратна информација не мора да биде остра, бидејќи децата имаат тенденција да реагираат на ист начин без разлика колку е силна реакцијата, сѐ додека таа е негативна. Од перспектива на револуција, луѓето имаат вродена тенденција да избегнуваат казни или опасни ситуации, додека наградите сепак имаат помал ефект.

Доктор Купанек во една реченица многу сликовито ги објаснува резултатите. Родителите мислат дека ефектот е еднакво силен кога ќе му дадат на детето 25 центи кога ќе направи нешто добро и земат 25 центи кога ќе направи нешто погрешно, но сепак не е така.

Иако ова истражување ја покажа ефективноста на негативните повратни информации, постои уште еден начин кој одговара на сите пристапи на одгледување на детето. Секое дете и ситуација бара различни техники и на родителите не треба секогаш да им биде целта да го казнат детето за да го добијат посакуваното однесување. Со казна детето не може да ја научи животната лекција која сакате да му ја пренесете, затоа разговорот и постоењето на позитивен пример во животот на детето се важни.

Write A Comment