Здраво тело

Што ќе ви се случи ако еден месец не внесувате кофеин во организмот?

Кофеинот е најмногу застапен во кафињата, но можете да го најдете и во енергетските пијалоци, газирани пијалоци, па дури и најобичните чаеви и тн…

Но, што се случува со организмот кога ќе го отфрлите кофеинот од вашиот организам и ќе апстинирате од него?

1. Ќе се чувствувате лошо

Во првите 7-10 дена од апстиненцијата од кофеин можеби ќе се чувствувате летаргично, уморно, ќе почуствувате главоболки и промени во расположението.После тоа нема да имате никакви проблеми.

2. Ќе ја намалите тежината

Не може ни да замислите колку калории внесувате со пијалоците кои содржат кофеин, бидејќи тие најчесто содржат многу шеќери. Па така без нив ќе внесувате многу помалку “течни калории“.

3. Или ќе се здебелите….

Кофеинот го блокира апетитот, а кога не го внесувате ќе почуствувате повеќе глад од вообичаено што пак ќе резултира со зголемено јадење. Зголемено конзумирање храна ќе доведе до дополнително дебелеење.

4. Подобар сон, повеќе енергија

Луѓето кои не внесуваат кофеин во организмот имаат подобар и подлабок сон. Додека телото ви се навикнува да функционира без кофеин ќе добиете повеќе енергија од самиот организам а не од кофеинот.

5. Ќе бидете посмирени

Кофеинот ја поттикнува работата на нервите и ја забрзува работата на адреналинот, па ако престанете да го конзумирате ќе бидете посмирени и помалку надразливи.

6. Ќе имате поздрава столица

Кофеинот е природен лаксатив и тој помага за забрзување на столицата, но откако ќе престанете да го конзумирате таа ќе стане поздрава и поредовна.

Write A Comment