Motherhood

Што кога вие сакате дете, а тој не?

Одлуката за дете секако требада биде зедничка и секако двајцата треба да бидете спремни за улогата родител.

Ова е најголемата и најодговорната одлука со која се соочуваат паровите. Супер е кога и двајцата го сакате тоа, о кога едниот не е спремен за дете Што тогаш?

Најчесто жените се оние кои сакаат да имаат дете додека мажите најчесто не се спремни а тоа. Па, што треба да направите во такви ситуации?

Немојте да форсирате разговор на оваа тема 

Ваквата ситуација е прилично тешка, па поради тоа немојте постојано да го форсирате партнерот на таа тема. Дајте му малку време вашата желба секако нема да исчезне, а вашето трпение ќе помогне тој да донесе позитивна одлука во скоро време.

Кажете му како се чувствувате

Кога разговарате на оваа тема немојте да криете, слободно кажете му на вашиот партнер дека сте подготвени да бидете мајка и да го држите вашиот ангел во раце. Секако тоа нека биде на фин начин убаво спакувано во неколку реченици. Без разлика дали станува збор за прво или второ дете едноставно искажете ги вашите чувства.

Дајте му добри причини зошто сакате да имате дете 

Понекогаш е добро да му објасните на партнерот од каде е големата жеба за дете.

Повеќето жеи имаат мајчински инстикт кои во еден период од нашиот живот едноставно испливуваат на површина.

Обидете се да му објасните на својот партнер дека вашата врска сакате да добие нова димензија, да ја овековечите вашата љубов.

Престанете со караниците

Доколку вашите разговори во врска проширување на семејството се претвораат во караници веднаш престанете. Обидете се некој период да не разговарате на таа тема. На мажите им е потребно повеќе време.

Размислете како се чувствува тој

Помислете малку и на него. Што мислите како се чувствува тој кога секојдневно го напаѓате. Постојано се расправате. Престанете помислете на него, тој не дека не сака да имате дете, тој само е малку исплашен и му треба време.

Почекајте додека не бидете двајцата не бидете спремни за тој чекор

Секако за врска се потребни двајца, забрак исто така, а и за детенце. Почекајте ќе дојде време кога тој ќе се разбуди едно утро и ќе ви каже: Драга, сакам да имаме дете.

Write A Comment