Секоја личност го наследува својот изглед од родителите, а при тоа генетиката игра најголема улога. Епигенетиката укажува на тоа дека обрасците за наследувањето зависат од двајцата родители. Секој родител на своето дете му пренесува половина генетски материјал. Кај детето се појавуваат особини кои се пренесуваат преку доминантниот генетски материјал како што се:
– витканата коса
– дупчето на брадата
– обликот на носот
– густи или споени веѓи
– бели прамени во косата
Момчињата од мајките наследуваат само еден X хромозом богат со гени кои го одредуваат неговиот физички изглед. Татковиот X хромозом е сиромашен со такви гени. Затоа постои општо прифатеното правило дека момчињата најчесто личат на мајките.
Кај девојчињата се забележува обратна ситуација. Тие добиваат по еден X хромозом од двата родитела и затоа кај нив има подеднакви шанси да личат или на едниот или на другиот родител.
