Motherhood

Што наследуваме од таткото, а што од мајката?

Кога ќе се роди новиот член на семејството, една од првите теми на разговор е на кого личи бебето.

Секое дете е единствено, но со себе носи карактеристики од секој родител поединечно.

Експертите во најновото истражување ни презентираат кои наследни особини ни доаѓаат од таткото, а кои од мајката.

Со ова истражување е потврдена урбаната легенда дека косата ја наследуваме од нашата мајка. Па ако дедото или вујкото од нејзина страна немаат коса, најверојатно и вие ќе го превземете овој ген.

Од мајката исто така ќе ја наследите големината на палецот на ногата, додека од таткото ќе ги наследите ушите.

Момчињата од мајката наследуваат само еден X хромозом кој е богат со гени и влијае на физичкиот изглед, додека X хромозомот на теткото не содржи многу такви гени.

Поради тоа момците личат повеќе на мајката, но тоа не значи дека девојчињата по правило личат на таткото. Наводно, женските деца добиваат по еден хромозом X од двајцата родители па може да личат и на двајцата.

 

 

Write A Comment