Motherhood

Што се прават бебињата во мајчината утроба?

Малечките поминуваат девет месеци растејќи во матката и што точно таму искусуваат се уште на одреден начин претставува мистерија. За докторите не е толку лесно да истражат и научат што точно се случува додека бебето си расте во неговата мајка. 

Сепак, новите истражувања покажуваат дека бебињата во мајчината утроба се многу позафатени одколку што можете да претпоставите. Се што прави новороденчето, фетусот веќе го има направено, и дефинитивно може да почувствува информација со секој дел од телото.

Движење

Експертите велат дека „удирањето“ на бебето одвнатре може да биде реакција на одредена храна која мајката ја јаде или пак промена на позицијата. Бебињата исто така „удираат“ затоа што едноставно сакаат да се размрдаат. Чувствата на мајката исто така можат да предизвикаат движење на бебето во утробата.

Забележано е дека колку повеќе е мајката изложена на стрес, толку повеќе нејзиното бебе го допира своето лице со левата рака. Ова сознание е објавено во трудот “Laterality: Asymmetries of Body, Brain and Cognition“ на Универзитетот Дурхам и Ланскастер во Велика Британија. Според тоа може да се заклучи дека стресот кој го чувствува мајката значително влијае на однесувањето на бебето во утробата, па затоа е важно бремените жени да избегнуваат изложување на стрес.

Учење 

Бебињата можат да ги препознаат детските песнички уште пред да се родат, тврди неодамна објавената студија “Infant Behavior and developmnet“. Научниците од Универзитетот во Флорида правеле истражување во кое бремени жени во третото тримесечје им читале стихови од познати детски песнички на своите стомаци, два пати дневно во текот на неколку недели. Забележале дека во тие моменти чукањето на срцето на бебињата се забавувало, а истиот ефект се добивал и ако некој друг продолжел да ги чита стиховите неколку недели подоцна.

Слушање

Ушите на бебето се формираат на половина од бременоста, што значи дека бебето може да го препознае мајчиниот глас во моментот на раѓање.

Во едно истражување во кое на новороденчиња им била давана цуцла само неколку часа откако се родиле, било забележано дека тие цицаат побргу ако го слушаат мајчиниот глас, што алудира на тоа дека го препознаваат.

Вкус и мирис

Овие две сетила се развиваат околу 20тата недела од бременоста, што им овозможува да почувствуваат дека мајката посакува одредени намирници, што подоцна ја одредува и склоноста кон одредена храна. Истражувачите исто така откриле дека ако мајката повремено јаде моркови пред крајот на бременоста, нејзиното бебе подоцна повеќе ќе ужива во различни вкусови отколку бебињата чии мајки не јаделе моркови.

Вид

Ова сетило се развива последно, но според последните истражувања се покажало дека бебињата уште во утробата можат разликуваат светло од темно.

Напиши коментар