Здраво тело

Што се случува во телото кога луѓето паѓаат во несвест?

Губењето на свеста е непријатно искуство за луѓето, но и за оние кои се наоѓаат во нивната близина. Што се случува во телото кога луѓето паѓаат во несвест?

YouTube каналот SciShow го дава одговорот на ова прашање. Сето тоа се случува поради „грешка“ во нервниот систем и губење на кислород во мозокот. Кислородот доаѓа во мозокот преку крвта и доколку од некоја причина тоа се успори или застане, се случува човекот да падне во несвест.

Иако постојат низа болести и состојби што предизвикуваат губење на свеста, најчест облик кој луѓето го доживуваат е вазовагална синкопа која е последица на несоодветна невролошка активност. Се манифестира со нагло паѓање на крвниот притисок проследено со бледило, лошење, повраќање, темнеење пред очите, отежнато дишење, неможност за мокрење и други симптоми. Тие форми често се сретнуваат кај млади луѓе и најчесто се последица од страв и повреди.

Името го добила по нерв кој ги снабдува срцето, белите дробови и абдоминалните органи. Но, за среќа, тој нерв е одговорен и за брзо се „рестартирање“ на телото по доживеан шок. За да го смири телото тој го успорува срцето и ги шири крвните садови, но понекогаш се случува реакцијата да е претерана што кај некои луѓе се манифестира со губење на свеста поради недостиг на кислород во мозокот.

Напиши коментар