Додека децата спијат, понекогаш може да забележиме дека се штрекнуваат во сон, непосредно пред да заспијат. Дали е тоа опасно?
Не е, се работи за нормална физиолошка појава.Кога детето или бебето заспива, или во моментот кога паѓа во подлабок сон, доаѓа до спонтани „електрични празнења“ во мозокот, кои се манифестираат со нагло поместувањена поединечни делови од телото. Обично тоа се рацете или нозете, поретко главата. Оваа појава треба да ја разберете како нормално одморање на деловите од мозокот кои имаат за задача да ги контролираат оние делови од мозочното ткиво кои создаваат импулси за да можеме да движиме одредени делови од телото.
Појавата е потполно безопасна и не е знак за болест, туку нормална појава која може да се јави и кај поголемите деца.
