Мојата кујна

Штрудла со пудинг

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пудинг од чоколадо

* 350 мл млеко (за подготовка на пудингот)

* 1 лажица шеќер (за подготовка на пудингот)

* 4 готови кори за баница

* 1 јајца (за фил)

* 1-2 лажици шеќер (за фил)

* 50 мл масло за готвење (за фил)

* 50 мл јогурт (за фил)

* 40 г гриз (за фил)

* 1/2 пакетче прашок за пециво (за фил)

* 1 кесичка ванилин шеќер (за фил)

* малку шеќер во прав (за посипување)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пудингот подгответе го според упатството на кесичката. Но, со мала измена, место 500 мл млеко користете 350 мл и една лажица шеќер.

Белката изматете ја со мискер, додадете го шеќерот. Откако добро ќе се измати, додадете ја жолчката, маслото, јогуртот и гризот измешан со прашокот за пециво.

Врз првата кора ставете 1/3 лажици од филот со јајце и со лажица распоредете го подеднакво по површината на кората.

Одозгора ставете уште една кора.

И оваа кора, како и третата кора, премачкајте ја со филот.

Врз четвртата кора, на едниот крај, ставете го чоколадниот фил.

Краевите свиткајте ги за да не истече филот, и корите виткајте ги во форма на ролат.

Ролатот префрлете го врз тава за печење и печете го на 200 степени не повеќе од 20 минути.

Оставете го добро да се олади, посипете со прав шеќер и сервирајте го. Добар апетит!

Write A Comment