Микро засолниште што е во можност да работи со помош на одржлива енергија!
Една од највпечатливите работи во врска со “Екокапсулите” е одржлива технологија понудена во форма на соларни панели, батерии и турбини.
“Екокапсулите” се микро засолништа што се во можност да работат со помош на одржлива енергија, а тоа е навистина импресивно. Тие може да работат со користење на енергијата на ветерот и сончевата енергија.
Прототипот ќе биде достапен наскоро, а компанијата се надева дека тоа ќе биде кон крајот на годината. Уште една извонредна карактеристика е површината на капсулите, само 8 квадратни метри. Димензии се 446,8 × 240,7 × 248,7.
Овој мал дом може да се користи за различни цели, а може да се стави било каде, бидејќи тој е мобилен и се транспортира со приколка. Архитектите велат дека малите куќи може да понудат една спална соба, како и полнење на електрични автомобили.
Капсулата има свој тоалет и туш, кујна, трпезарија, простор за работа, кревет на расклопување и многу багаж. Во засолништето има само една врата и два прозорци кои може да се отворат ако е потребно.



