Мојата кујна

Сирова торта од бело и црно чоколадо со малини

За кора:

1 шолја бадеми, натопени 6 часа

1/4 шолја масло од кокос, растопен

Бадемите да се измелат во блендер. Додадете го маслото од кокос и мешајте додека не се добие соединета маса. Ставете ја смесата во калап од 20 см и оставете во фрижидер.

За фил:

2 шолји натопени индиски ореви

1/3 шолја агаве нектар

1/2 шолја путер од какао, растопен

1/3 шолја масло од кокос, растопен

1 лажичка ванила

1 кг малини

Во блендер ставете ги индиските ораси, агаве нектарот, путерот од какао, маслото од кокос и ванилата и мешајте. Се меша додека не се добие многу мазна крема. Ставете тенок слој од кремата на кората (половина крема). На горниот слој ставете слој малини. Ставете го остатокот од кремата над малините и оставете во фрижидер. На горниот слој ставете чоколадна глазура.

За чоколадна глазура:

1/2 шолја какао во прав

1/2 шолја агаве

1/4 шолја масло до кокос, растопен

Ставете ги состојките заедно и изматете.

Write A Comment