Дестинации

Ски населба за милионери

Љубителите на зимските спортови, кои на сметка имаат близу 20 милиони долари, можат да станат горди сопственици на сопствено ексклузивно одморалиште сместено во планините Монтана, далеку од љубопитните погледи.

“Yellowstone Club” е приватна населба за богаташи, а ја изградиле баронот Тим Бликсет и неговата поранешна сопруга Едра во 1999 година.

Одморалиштето е резервирано само за членовите кои ќе уплатат 250.000 долари чланарина, но поради рецесијата, овој имот претрпел голем удар, па во 2008 година прогласиле стечај.

Во населбата се наоѓа неверојатна рустична вила, опремена со се што е потребно за зимски одмор од највисока класа, вклучувајќи осум добро опремени соби, кралски апартман, три гаражи, 12 купатила, фитнес сала и други луксузни содржини.

Одморалиштето во минатото привлекувало некои од најбогатите луѓе во светот, како што е основачот на Microsoft – Бил Гејтс. Три месеци пред сопствениците да прогласат банкрот во 2008 година, Бликсет и неговата сопруга се разведоа, а одморалиштето и припадна неа.

 

Write A Comment