Убавина

Со квасец до сјајна и здрава кожа на лицето

Маските од квасец одамна ја имаат докажано својата ефикасност во неверојатната можност да ја трансформираат кожата правејќи ја свежа, сјајна и здрава. За ваквото подмладување задолжена е комбинацијата на витамините Ц и Б во квасецот, како и на останатите состојки кој ги има во неговиот состав како што се аминокиселините, ензимите и минералите.

Со редовната употреба на свежиот квасец кожата на лицето не само што станува мека и сјајна туку и целосно ја изедначува бојата, односн тенот на лицето , неутализирајќи ги темните флеки на лицето. Квасецот одговара подеднакво на сите три типови на кожа. Пронајдете го вашиот тип и не се двоумете да подготвите домашна маска за лице од квасец- со малку упорност ќе биде восхитени од резултатите.

1. МАСКА ОД КВАСЕЦ ЗА СУВА КОЖА НА ЛИЦЕТО
1 кафена лажица мед промешајте со 1 супена лажица брашно и додајте 20 гр. свеж квасец. Смесата растворете ја со топло млеко додека не добиете хомогена и средно густа смеса. Маската нанесете ја на сува и чиста кожа и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте се со топла вода.

2. МАСКА ОД КВАСЕЦ ЗА МАСНА КОЖА НА ЛИЦЕТО
20 гр. свеж квасец растопете во онолку јогурт или кефир се додека не добиете густина на ретка павлака. Нанесете ја маската на чиста кожа. После половина час маската ќе се исуши. Измијте го лицето со млака вода.
3. МАСКА ОД КВАСЕЦ ЗА НОРМАЛНА КОЖА НА ЛИЦЕТО
Во 2 супени лажици топло млеко растопете 30 гр. свеж квасец. Така подготвената маска нанесете ја на чисто лице и оставете ја да отстои 15 минути а потоа измијте се со топла вода.

Напиши коментар