Здраво тело

Со оваа уникатна мешавина на доктор Мермерски ќе пребродите грип и рак

Веднаш штом поченете да кивате, натопете памук со прополисова тинктура и држете го половина час на носот, за да ги запрете вирусите, советува проф. Мермерски.

Вирусите носат профит на фармацевтските компании, но нема во аптеките средство што лекува грип. Единствениот ефикасен лек е во пчелната кошница. Од лепливата смеса која медоносните инсекти ја складираат на ѕидовите на своите дрвени домови, се прави тинктура. Само неколку капки од неа се доволни за да ве спаси од досадна настинка, тврди проф. Христо Мермерски.

Најдоброто средство според него била витаминозната бомба, која се подготвува од три рендани во маслиново масло моркови, 40 гр. семки од сончоглед или ленено семе и 15 капки прополисова тинктура.

Таа ги уништува слободните радикали, кои се размножуваат со огромна сила при грип и го закрепнува организмот. Има и силно антиканцерогено дејство, уверува професорот.

“Кога кивнете повеќе од двапати едноподруго, значи се разболувате. Првото нешто кога ќе добие настинка, е да натопите памук со прополисова тинктура и да ја ставите на врвот на носот . Ринитис така исчезнува брзо. Ако им дозволите да го преминат патот вирусите, тие влегуваат во алвиолите и постои ризик од пневмонија или од бронхопневмонија “, предупредува Мермерски.

“100 штетни микроорганизми има во усната шуплина. Ако си направите џвакае од прополис и ја џвакате, ќе ги уништите “, вели уште тој.

Напиши коментар