ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 парчиња пилешки гради
сол и бибер
2 шолји мешани печурки, сецкани
2 лажици сецкан кромид
4 лажици путер
1 лажица маслиново масло
половина шолја бело вино
половина шолја пилешка супа
2 лажици павлака
2 лажици свежа мајчина душица
сок од половина лимон
босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пресечете ги пилешките гради на половина по должина. Зачинете ги со сол и бибер и потоа стопете го путерот во тава заедно со маслиновото масло. Ставете ги пилешките гради во тавата и гответе 5-7 минути на секоја страна. Тргнете ги од оган и покријте ги.
Во тавата со путерот и маслото додадете ги печурките и кромидот и гответе 5-6 минути или додека не омекнат. Често мешајте ги за да не се залепат за тавата.
Додадете ги виното и пилешката супа и гответе додека да зовријат. Потоа додадете ја павлаката, мајчината душица и малку путер. Промешајте за да се соедини смесата и додадете го сокот од лимонот.
Прелијте го сосот од печурки врз пилешкото и декорирајте со босилек и мајчина душица. Додадете кора од лимон по желба.