Убавина

Сопрете го процесот на стареење веднаш

Ако посакувате лице на кое стрелките на часовникот немаат никакво влијание, потребно е само малку време и нега. Ова се неколку едноставни маски кои ќе ви помогнат за тоа.

Освежувач од мед и авокадо

За да го успорите стареењето потребно е постојано кожата да ви биде заситена со многу витамини и минерали. Оваа маска правете ја еднаш седмично и ќе го постигнете тоа. Испасирајте едно парче авокадо и во него ставете две лажици мед. Со оваа смеса намачкајте го лицето, вратот и деколтето.

Сок од лимон и квасец

Измешајте сув квасец со сок од лимон, при тоа треба да добиете смеса која ќе биде доволно густа за да се задржи на лицето. Оставете нека делува 20 мин  па измијте се.

Write A Comment