Имате убаво лице, но акните и се закануваат на вашата убавина? И тоа се случува осебено кога треба да присуствувате на некој важен настан? Не грижете се. Ние имаме неколку едноставни состојки кои можете да ги пронајдете во вашиот дом, а можат да ви помогнат да ги одстраните болките предизвикани од акни. Во продолжение погледнете некои од нив…
Сок од лимон
Сокот од лимон е одличен лек за лекување на болните акни. Лимонот ја чисти нечистотијата длабоко од порите. Земете парче лимон и втијте го на лицето. Оставете го да отстои неколку часа. Измијте го лицето со ладна вода. Ставајте сок од лимон на акните секој ден.
Сок од алое вера
Сокот од алое вера се користи за лекување на многу кожни проблеми. Акните се еден од нив. Едноставно применувајте го сокот од алое вера на акните и тоа два пати во текот на денот. Тое е лековита билка која многу ќе ви помогне.
Мед
Секој ден нанесувајте мед на акните. Оставете го 10 минути на вашето лице и измијте се со топала, а потоа со ладна вода. Тој помага за затворање на порите.
Краставици
Земете краставица и јогурт и направете густа смеса. Нанесете ја оваа смеса на лицето или на акните. Оставете ја да отстои барем половина час, а потоа измијте го лицето со ладна вода.
Портокал
Портокалот е богат со витамин Ц, што го прави богат за лекување на многу кожни проблеми. Измешајте го сокот од портокал со вода и направете пилинг.
Грозје
Исто како и портокалот и грозјето е богато со витамин Ц. Земете свежо грозје, исечете го на половина и втријте го на акните. Оставете 5-10 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.
Паста за заби
Ставете мала колични паста за заби на акните пред спиење. Повторувајте ја постапката во текот на два-три дена.