Главната улога на мажите во свадбената церемонија е да изберат веренички прстен! Доколку сте се одлучиле дека таа е вистинската, еве ви неколку совети за тоа како да го изберете совршениот веренички прстен.
- Проверете го нејзиниот накит и видете дали таа повеќе сака злато или сребро (во секој случај доколку сака сребро ќе купите прстен од бело злато). Доколку мислите дека таа подеднакво сака и злато и сребно, купете прстен со двата вида злато.
- Доколку е можно дознајте кој број на прстен носи. Доколку не го знаете бројот, тогаш „украдете“ некој нејзин прстен за да знаете која големина да купите.
- Обидете се, преку нејзината облека и модни додатоци, да дознаете каков стил има таа. Дали е модерна или пак традиционална. Тоа многу ќе ви помогне во изборот на соввршен прстен.
- Нејзината градба е значајна. Доколку е слаба, изберете нежен прстен со помало камче. Доколку има поголеми облини, одлучете се за поголем камен или пак неколку камчиња. Под камчиња подразбираме дијаманти

- Размислете за нејзиниот стил на живот. Жените обично вереничкиот прстен не го вадат од рака, па затоа треба да изберете прстен кој ќе се вклопи во нејзиното секојдневие.
- Доколку се мислите при изборот на скапоцен камен, обидете се од околу да ја прашате кој камен најмногу и се допаѓа. Доколку не можете да се одлучите, дијамантите се секогаш најдобар избор.
- Најважното нешто што треба да го направите е да дознаете дали вашата избраничка е спремна за брак. Обидете се преку лежерен разговор да дознаете што мисли таа на темата за венчавка, затоа што не сакате да ви каже „не“ откако веќе ќе потрошите многу време на изборот на прстен.
