Мода

Совети за мода од Ана Винтур: Малку, ама скапа облека

Уредничката  на најпознатото модно списание во светот, Vogue, Ана Винтор, ви ги препорачува следниве 5 правила за перфектен стил и добар изглед. Таа се залага за разнообразието и изненадувањето во облеката. Еве како гласи нејзината фешн – конституција:

  1. Купете си некулку навистина скапи и убави парчиња облека. Носете ги повторно и повторно и без да трошите пари за 100 глупости. Бидете сигурна и уверена дека изгледате прекрасно, и дека тие парчиња работат на изградување на вашиот стил.
  2. Ризикувајте! Мажите изгледаат речиси еднакво. Многу пријатно сум изненадена кога ќе видам маж под чие сако се наѕира маичка и тоа не било каде, а на големи настани со задолжителен дрес код Black-tie.
  3. Аксесоарите. Секоја жена мора да има колекција од најразлични аксесоари, ви треба нешто многу весело, нешто лично, кое ќе ви помогне да ги оживеете фармерките или вечерниот фустан. Со правилниот избор, резултатите се навистина феноменални. Една мала ситница, а толку силна да го промени целиот аутфит.
  4. Откријте си го вашиот сопствен стил и бидете верна и доследна на истиот. Јас не се чувствувам добро во панталони, така да и не ги ни носам, освен фармерки понекогаш. Не се стремете по секоја цена да бидете модерни. Ако сите околу вас носат фармерки тип цигара, но вие имате широка карлица и кратки нозе, не е потребно да се бламирате. Модерно да, но мора и да ви прилега на фигурата.
  5. Облекувајте се разнобојно. Секоја од вас треба да има нешто јарко и свежо во гардероберот. Комбинирајте го со црно или бело. Можете да измислите стотици варијанти на една комбинација доколку има една таква силна боја.

Write A Comment