← НАЗАД НА БОЗА

Совети за новопечениот тато…

Совети за новопечениот тато…
409 Читања

Како да се наспиете и вие и вашето бебе? Ако сте е вие како повеќето татковци, не сте осамени ниту во овој проблем. Фер е да побарате помош, особено кога сте ја поминале ноќта во неуспешен обид да го заспиете расплаканото бебе.

Имаме добри вести за Вас! Плачењето и врескањето на вашето бебе треба да стивнат, да се намалат и Вие конечно да уживате во навистина заслужениот одмор. Но, за тоа малку ќе почекате. Прво што треба да сторите е да ги совладате овие неколку совети, за полесно да ги минувате ноќите.

На мајката која дои и треба помош

Токму така! Тоа што вие не доите, не значи дека сте ослободени од некои други обврски. Вашата сопруга ќе го цени гестот на внимание, кога станувате ноќе да ѝ го донесете бебето в кревет за да го подои. Ова можеби ви звучи неважно, но во 3 часот наутро е прекрасен гест.

Менувајте се со сопругата

Пред да си легнете договорете се кој прв ќе стане кога бебето ќе се разбуди. Помогнете си така што ќе се определите за парните и непарните часови. На пример, ако бебето се разбуди во 11, 1, 3, 5, 7 ќе станувате вие, а ако тоа го направи во 12, 2, 4, 6 станува мајката. Цел на оваа „стратегија” е да имате план секогаш пред да си легнете. Ова ќе ги елиминира и лутината и фрустацијата во ситуации кога ниту еден од вас не сака да стане .

Научете ги начините на кои бебето сака да биде држено

Некои бебиња сакаат да бидат држени припиени до градите на родителот. Други сакаат да бидат нишкани. Некои сакаат да бидат свртени спротивно од родителот. Откријте како на вашето бебе му е најубаво во вашата прегратка и обидете се да го смирите во таа позиција.

Не се срамете – пејте му на вашето бебе

Звукот на вашиот глас делува охрабувачки на бебето и е особено важен во процесот на вашето заемно поврзување, не само во бебешката фаза, туку и подоцна. Во вашиот глас е „клучот” – вашето бебе ќе почне да ве прифаќа и да го поврзува вашиот глас со чуството на сигурност и заштитеност, и да ужива во ваши раце, а и вие со него.

Нежно потфрлајте го бебето но, внимавајте да не претерате зошто може да му го вознемирите стомачето.

Цуцла !!!

Некои бебиња се смируваат кога ќе им се даде цуцла. Некои ја мразат цуцлата, особено ако мајката ги дои.

Нишкањето на колевката или на количката може да го забрза заспивањето на бебето.

Прошетка низ домот

Земете го бебето, положете му ја главата на вашето рамо и полека шеткајте горе-долу низ собата.

Ставете термофор во креветчето пред да го легнете бебето

ВАЖНО! Не заборавајте да го извадите пред да го ставите бебето внатре.

Искапете го бебето пред да го легнете

Ова се совети кои ќе помогнат и бебето, но и вие и сопругата, убаво да се наспиете !

Среќно татковство!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk