Motherhood

Совети за полесно одвикнување од цуцлата

Не постои дете што не се одвикнало од цуцлата и шишето. Родителите треба да бидат потрпеливи и да почекаат оваа фаза да помине.Не дозволувајте му на детето да го цица палецот, бидејќи неговиот облик не е прилагоден на вилицата и може да предизвика деформација.

Метода чекор по чекор.Постепено продолжувајте ги периодите без цуцла. Во првата фаза дајте му ја на детето цуцлата само додека е во станот, потоа само додека е во детската соба, и на крајот, само пред спиење.

Ако цуцлите се искинат или изгубат, не купувајте нови.На тој начин се најавува нивното исфрлање од употреба.

Објаснување.Објаснете му на детето зошто е време да се одвикне од цуцлата. Кажете му дека подобро го разбирате кога во устата нема цуцла и дека без неа забите ќе му бидат поубави.

Без присила.Последното што родителите треба да го сторат е едноставно да му забранат на детето да ја користи цуцлата.

Кутија со цуцли.Имајте кутија со цуцли во која детето можа да ја остави својата цуцла на која е неговото име. Користете мали цуцли. Големи цуцли (за деца над 18 месеци) не треба ни да купувате, затоа што потешко се одвикнуваат.

Издишана цуцла.Направете цуцлата да биде непривлечна, така што ќе ја продупчите со игла. Кога ќе излезе воздухот, цуцлата ја губи сласта.

Подарување.Предложете му на детето да ја подари цуцлата, на пример, на бебето на вашите роднини. Објаснете му дека сега му е попотребна на бебето.

Добрата вила.Кажете му на детето дека добрата вила ќе ја однесе цуцлата и во замена ќе остави убав подарок.

Разделба од цуцлата.Кажете му на детето да ја закопа цуцлата во дворот или ако живеете во зграда, во најблискиот тревник. Детето треба само да ја спушти цуцлата во малата дупка што Вие ќе ја подокопате.

Подобро цуцла отколку палец

Зошто постојат цуцлите? Потребата за цицање е вродена. Децата уште во утробата го цицаат палецот. Но не треба да се дозволи да цица палец, затоа што тој не е прилагоден на вилицата и може да предизвика деформација.

Write A Comment