Секој аспект од свадбите мора да биде детално испланиран, а тука секако влегуваат и подготовките и негата на невестата. Секоја невеста треба да направи план за разубавување, кој ќе неколку аспекти, како диета и третмани за убавина. Еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да заблескате на најубавиот ден од вашиот живот:
Изберете избалансирана диета која ќе ја држите се до денот на вашата свадба. Изберете некоја диета за која сте сигурни дека може да ја издржите до крај, затоа што никако не смеете да паднете во искушените неколку денови или недели пред самиот настан.
Вежбањето ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви помогне да ослабнете и да ги затегнете мускулите, за да изгледате спектакуларно во вашата венчаница.
Изберете неколку дена за „чистење“. Ослободувањето од токсини ќе ја намали вашата надуеност, ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе направи вашата кожа и коса да блескаат. Затоа изберете неколку денови кои ќе ви послужат да го исчистите организмот од отрови, кога ќе козумирате само овошје зеленчук и чаеви. Така, доколку вашата свадба е за три месеци, изберете по два дена секој месец кога ќе го практикувате „чистењето на организмот“.
Негувајте го вашето лице. Направете ги сите неопходни хемиски третмани на лицето најмногу две недели пред свадбата, за да и дадете на кожата време да се регенерира. До самата свадба користете само хидратантен крем кој ќе ја одржи свежината на лицето.
Користете производи за нега на косата. Доколку сакате вашата коса да блеска на вашата свадба, неколку месеци пред самиот настан почнете да користите маски за коса, специјализирани за вашиот тип на коса. Изберете некои од постоечките брендови или пак направете домашна маска.
Направете пробна шминка и фризура. Шминката и фризурата се многу значаен дел од самиот стајлинг на невестата. Затоа, направете пробна шминка и фризура за да бидете сигурни дека ќе изгледате онака како што се замислувате.