Motherhood

Совети за успешно родителство

Да се биде родител, значи многу…

Понекогаш, родителите знаат да бидат непромислени, да се најдат во ситуација каде што лошо ќе изреагираат, да се чувствуваат несигурно… и да се запрашаат… Каде грешат ???

Совладајте ги сите родителски дилеми со следниве совети:

1.Станете „ родител професионалец “

Никој од нас се нема родено како сезнајко. За да работиме било што, мораме прво истото да го научиме. Родителството е нашата најважна работа. Зошто да не се едуцираме и на тој план ? Вложете време и енергија за да станете што е можно подобар родител. Родителот „ професионалец “, сака да биде во тек со новите начини на родителство, сака да присуствува на предавања на стручњаци, чита инспиративни книги. Тој е отворен за нови размислувања и работи на унапредување на односите со детето.

2. Запрашајте се што всушност Вашето дете сака да Ви каже

Станете родител – психолог и запрашајте се за длабокото значење за однесувањето на Вашето дете. Детето кое постојано бара сé повеќе и повеќе внимание, најверојатно не се чувствува доволна близина со Вас. Искористете ја секоја прилика да дознаете и да размислите што навистина би можело да ја зацврсти врската помеѓу Вас.

3. Водете сметка за себе

Ако сте константно уморни, нерасположени и на  „ работ од нервен слом “, би можеле да направите нешто што ќе биде од корист и за Вас и за Вашите деца. Кога последен пат сте направиле нешто корисно, нешто што Ве опуштило или забавувало? Како сте се чувствувале после тоа?  Откако ќе се посветите самите на себе, голема е веројатноста да се чувствувате подобро и да искажувате повеќе љубов спрема блиските, повеќе разбирање и повеќе трпение при решавањето на проблемите со децата.

4. Бидете пример

Сакате Вашето дете да биде самостојно, да има позитивни вредности, да јаде здрава храна, да биде фокусирано и радосно? Овие особини можат да се научат само преку добар пример. Замислете ја личноста која сакате да биде Вашето дете кога ќе порасне и бидете таа личност. Работете на тоа да го поправите однесувањето на Вашето дете, обрнувајќи внимание на сопствените ставови, навики, вредности и донесувањето на чесни одлуки. Вие сте најважниот учител и пример за детето.

5. Немојте да се нервирате околу ситниците ( сé е ситница )

Родителите често се грижат околу тоа дали нивните деца ќе бидат во ред. Меѓутоа, не можеме истовремено и да се грижиме и да ги сакаме. Љубовта и стравот не одат заедно. Затоа, кога размислувате што да правите во одредена ситуација, поставете си прашање од типот: „ Дали ова е опасно по живот  ? “, „ Дали ова е неморално ? “, „ Дали ова е нездраво ? “. Постојат причини околу кои нема потреба да се нервирате ( а кои знаат да го уништат денот ), како на пример: изгледот на косата на детето, што облекло, дали се бања секој ден, дали е средена собата, и.т.н. Ако одлучите дека овие нешта не се толку важни, можете да смените некои правила и да му дадете на детето поголема одговорност.

6. Времето за децата е исто што и љубовта

Кога поминувате интересни мигови со Вашите деца, тие се чувствуваат многу поврзани со Вас. Заедничкото време Ви овозможува да разговарате со Вашето дете. Заедничкото време создава прилика за значајни и искрени разговори. Ова се моменти во кои сигурно ќе уживате…

7. Бидете совесен и грижлив родител

Во интеракцијата со децата секој родител може да биде совесен. Во исполнувањето на совесноста најдобро помагаат поставените намери пред извршувањето на активноста. На пример, пред да го однесете детето на училиште, кажете си на себе дека за тоа време ќе му пренесете мир, благодарност, љубов, радост. Или, пред да седнете да јадете заедно можете да имате намера да бидете стрпливи, љубезни, полни со разбирање. Дефинирањето на Вашите намери пред некои активности Ви помагаат да бидете поприсутни и посвесни за моментот кој го живеете.

8. Кажувајте им дека секогаш се успешни

Децата мислат дека за околината се успешни само ако направат нешто на точно определен начин. Ваквиот начин на размислување може лесно да го обесхрабри детето кое ќе мисли дека нешто, сепак не може. Преголемата амбициозност може да стане претерана и да им отежнува на децата. Однесувајте се кон децата како да се најуспешни токму сега, во овој момент. Кажете им дека се паметни, дека уживате во нивното друштво. Нека слушнат дека и Вие учите многу од нив, бидете присутни, смејте се заедно. Децата, по природа се разиграни, забавни, спонтани и весели. Тие нас нé учат како да живееме…

9. Запомнете: Не постојат брзи решенија !

Многу родителски техники можат да ги решат детските предизвици, на брз начин. Една таква техника е давање наредба наместо известување. Ова е најбрзата и најнеефикасна техника која родителите ја употребуваат. Никој не сака да му се наредува. Давањето објаснување на детето му овозможува прилика да одлучи и притоа да одговори на одлуката која е донесена. На пример, известување би било: „ Патиките ти се одврзани “ или  „ На временската прогноза рекоа дека ќе врне “. Ова го учи детето како да мисли, а не што да мисли.

10. И родителите грешат

Затоа, родителството секојдневно се учи. Дури и после пропуштените прилики, родителите имаат втора шанса за да се поправат. Задржуваето на грешките и мачењето околу ситуациите кои не се решени на најдобар начин, само го кочат целиот процес. Родителите се тука да учат и растат заедно со децата. Секоја грешка е прилика следниот пат да се постапи поинаку.

Родителството е забавно !!!

Напиши коментар