Лоцирано во провинцискиот брег на областа “Natai Beach” во Пукет, ова место се карактеризира со својата смиреност, огромните песочни површини и тиркизно сини води. Малиот и луксузен хотел Iniala Beach House е замислен за уживање опкружено со добар дизајн. Комплексот содржи 10 вили дизајнирани од различни и добро познати интернационални архитектонски фирми.
Собите дизајнирани од страна на Архитектонското студио “A-cero” се наоѓаат на самата плажа. Двата бунгалова во облик на школка поседуваат надворешен базен. Елементите се повзани меѓу себе со екслузивен концепциски дизајн кој ги преминува границите на конвенционалноста.









