Вашето супер кул коктел фустанче кое го носите само во посебни прилики и исклучиво навечер, сега можете да го носите сред бел ден. На што се должи тоа? На комбинацијата со едноставни патичиња.
Колку и да звучи смешно, еден пар едноставни патики можат многу да сменат во вашиот изглед и да направат нешто што инаку со потпетици би изгледало фенси, со патики да изгледа сосема секојдневно.
Погледнете како тоа го прават девојките на улиците на светски метрополи и направете сопствен баланс помеѓу стилот и удобноста.