Убавина

Совршено меки стапала со домашен пилинг

Гордо облечете ги новите сандали. Слободно допрете го партнерот со боси стапала. И тоа е можно, само треба да одвоите дваесетина минути за нив. Подгответе го овој домашен пилинг по која стапалата ќе бидат совршено меки. Потребно ви е:

–      две и пол шолји шеќер

–      половина шолја маслиново масло

–      осум лажици млеко

–      четири лажици мед

–      неколку капки етерично масло од лимон

Убаво измешајте ги сите состојки и со кружни движења нанесете го на стапалата. Убаво истријте ги и потопете ги во длабок сад со вода. Оставете нека се растопат состојките и нека навлезат длабоко во вашата кожа. По овој третман вашите стапала ќе бидат совршени.

Напиши коментар