Sweet Home

Спектакуларно решение за сите вас кои живеете во мали станови!

“Siti Houm” е уред со големина и облик на плакар, кој е развиен од страна на познатиот Институт за технологија во Масачусетс , во чија внатрешност се наоѓа: кревет, биро и трепезариска маса за шест луѓе!

Со цел се да биде уште поспектакуларно, механизмите за отворање  и движење на намештајот се активираат со далечинки управувач.

Веруваме дека цената на овој револуционерен изум би била толкава што за тие пари може да се обезбеди вистинско зголемување на животниот простор, но ни се чини дека сепак вреди да се погледне ова видео.

Идеите се корисни и можат практично да се користат и без далечински решенија за движење на елементите.

Во рамките на уредот “Siti Houm” ќе пронајдете дури и мал пулт за кујна и плакар, а сето тоа делува и повеќе фотуристички со необичен систем за осветлување.

За сето ова да биде уште поинтересно, целиот уред може да се менува и околу еден метар на лево, со што се проширува просторот за бањата.

 

Write A Comment