Без разлика колку години има вашето дете, сигурно сте забележале дека не важат за сите родители истите совети. Едноставно, секое дете не е исто па затоа и постојат толку теории за тоа како добро да го одгледувате детето. Кое било прашање да го имате, ќе најдете барем три совети како тоа да го решите. Некои од тие совети можете веднаш да ги фрлите низ прозорец а, од друга страна, постојат и такви кои навистина треба да ги послушате бидејќи се пренесуваат од колено на колено!
Еве неколку такви „старомодни“ совети кои секогаш ќе бидат актуелни.
ВИЕ НА СВОИТЕ ДЕЦА ПРВО СТЕ ИМ РОДИТЕЛИ, А НЕ ДРУГАРИ
Секако дека е полесно секогаш да бидете добар полицаец, а не лош. Но, за да бидете добар родител, мора да бидете и лоши понекогаш. Запамтете, на своето дете, пред се, сте му родител – тоа е ваша прва и најважна улога. Не сте негов најдобар другар. Важно е да бидете отворени со детето и да делите се, но не можете баш се да им раскажете на децата. Имајте на ум дека, и доколку детето ви каже дека сака да му бидете негов најдобар другар, она што нему, всушност, му треба е сигурен и родител со самодоверба.
НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА БИДЕТЕ СОВРШЕН РОДИТЕЛ
Ако се стремите да бидете совршени тоа води кон пропаст.Наместо да се трудите да бидете совршени, трудете се да бидете најдобри што можете. Не се работи за тоа се да правите правилно туку само да сакате да се грижите за детето на свој начин. Оставете ги книгите и следете ја интуицијата.
ОДГЛЕДУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА КАКО ШТО БИ САКАЛЕ ВАС ДА ВЕ ОДГЛЕДУВААТ
Основно животно правило е кон другите да се однесувате, како што кон вас сакате да се однесуваат. Тоа се однесува и на растењето и воспитувањето на децата. Децата најдобро учат од пример, па потрудете се да им бидете најдобар пример.
КОГА ЌЕ КАЖЕТЕ НЕШТО – ОСИГУРАЈТЕ СЕ ДА БИДЕ ТАКА ДО КРАЈ
Поставувањето граници е важен дел од родителството, но следењето на резултатите во тие граници е уште поважно. Ако му кажете на детето дека не го носите некаде ако не престане да плаче, а тоа не го направите, сте ја изгубиле војната. После тоа ќе изгубите уште многу битки.
НЕМОЈТЕ ДА СЕ НЕРВИРАТЕ ЗА СЕКОЈА СИТНИЦА – ДЕТЕТО МОРА ДА ВОДИ СВОИ БИТКИ
Тоа што детето не добило добра оцена, не е ваша вина. Што порано го научите да ги преземе одговорностите за тоа што му се случува, подобро. Детето мора да научи дека колку труд и да вложи во нешто, тоа утре и ќе му се врати.
