Sweet Home

Старовремски луксуз во овој њујоршки пентхус

Американскиот архитект Стив Харивел изработи нов дизјан на еден пентхаус во Њујорк, кој претставува комбинација на винитиџ декорот со шик модернистички, но и класични елементи.

Пентхаус Њујорк 2

Ваквиот дизајн создава пријатна рустикална атмосфера со елементи на современиот стил. Во овој апартман сместен на 30-от кат е внесена комбинација на различни текстури, почнувајќи од францската кожна клуб фотелја, преку паркетот во дезен на рибја коска, па се до стратешки распоредените тули со нијанси на есенски бои.

Пентхаус Њујорк 3

Антиквитети се среќаваат во секоја просторија на овој преубаво декориран ентериер, како што се светилките за дискретно осветлување, украсите на оскудниот ѕиден декор, ексцентричните теписи или старомодното стакло.

Пентхаус Њујорк 4

Во секоја соба на пентхаусот е додаден по некој нов елементи. Тука спаѓаат вратата од некородирачки челик во стилот на Арт Деко од почетокот на 20-те години на минатиот век или пак индустриското осветлување, кое на целиот простор му дава дополнителен кавлитет и оддава впечаток на модрен дизјан.

Пентхаус Њујорк 5

Вака уредениот апартман е идеален за љубителите на современото и моденистичко опкружување, но и за оние кои се приврзаници на призмениот декор.

Пентхаус Њујорк 6

Самата уметност во комбинација со практичниот луксуз го прави ентериерот во пентхаусот да биде функционален со единствен хедонистички амбиент.

Write A Comment