Имате ли проблеми со дишењето? Спуштете го погледот кон струкот!
Всушност, научниците дошле до сознание дека личностите со голем обем имаат шанса двапати повеќе да го намалат капацитетот на белите дробови, дури и ако се отстранат некои други ризични фактори, како и пушењето.
Истражувањето покажало дека стомачните масти можат да вршат притисок на дијафрагмата, на тој начин што оневозможуваат да се пополнат белите дробови со воздух.
Кратко кажано: доколку сакате да ги избегнете проблемите со дишењето и намалениот капацитет на белите дробови, морате да се потрудите струкот да го намалите на 85 или помалку сантиметри.
