По средбата со Салим Еде, колекционер и сопственик на музеј за минерали во Бејрут, Тони Вард доживеа откровение. Резултатот на тоа е колекција која е ценрирана на природни скапоцени богатства. Почнувајќи од боите – кои се движат од живописните сини нијанси до боите на килибарот, па сè до украсите кои содржат различни кристални форми, високата колекција на Тони Вард за 2015/2016 е креативен допринос во чест на убавината на природните минерали.
Во оваа колекција минералите се сеприсутни со нивните призмаични форми и бои: сјај на килибар, топаз, аквамарин, сафир и графит. Фустаните се изработени во рок-форми кои пренесуваат треперлива илузија на кристални рефлекси и набори кои имитираат течение на лава.
Тони Вард со оваа колекција не носи во центарот на Земјата, каде со милениуми се создаваат овие кристални форми и не прекрива со сјајот донесен од природата.
















