Ова е еден волшебен спа и јога центар на островот Кох Самуи на Тајланд..
Овој спа центар кој е изграден од поодамна е претставен во ново руво. Од лоби салоните до спа центарот, овој луксузен резорт е декориран со маркоански плочи и мотиви, така што останува верен на својата тема. Собите се инспирирани во мароканска архитектура и имаат вистинска боја на животот.
Сите соби имаат поглед или на море или на базен, а тука се и преубаво уредените балкони. Со локација на височинката Чеонг Мон, овој луксузен спа центар има фантастичен поглед на тајландскиот залив.










