Мојата кујна

Тајна состојка за совршени, неодоливи и меки палачинки!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* едно јајце

* 200мл пиво

* 150мл млеко

* 150мл вода

* 50мл масло

* 300гр брашно

* малку сол

* малку шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од наведените состојки замесете мазна смеса и оставете ја половина час во фрижидер. Палачинките печете ги во загреана тава, која претходно сте ја намачкале со малку масло. Ставајте по една лажица во средина на тавчето и вртете го во круг додека смесата не се разлее по целата површина. Палачинките печете ги од двете страни.

Write A Comment