Ако се верува на она што го говорат психотерапевтите, неверството, кавгите, меѓусебните обвинувања може да се спречи, и на тој начин да се спречат големиот број разводи и распади на семејствата.
Според еден од најпознатите светски психотерапевти M. Gerija Nojman, чиј труд сочувал над 200.000 семејства, брачните парови мораат да се придржуваат кон 4 екстремно лесни правила и на тој начин сите проблеми, расправии, стресни ситуации можат да се сведат на минимум.
1. Оние брачни парови кои се дружат и посветуваат барем половина час на ден за да си ги разменат импресиите од денот или да поразговараат за проблемите. Во тие 30 минути спаѓаат заедничките прошетки, вечера… Всушност не е важно што ќе прават брачните парови, битно е тие да ги одвојат тие 30 минути во кои ќе бидат вистински поврзани.
2. Поддршка… во добрите и здрави семејства не смеете да го обвинувате својот брачен партнер за одредена грешка, во спротивно Вашиот партнер ќе се чувствува како да е дете кое се правда пред родителите. Секако дека можете да му кажете каде погрешил, но се очекува и да го пофалите кога ќе направи нешто добро.
3. многу од жените и мажите кои извршуваат неверство во бракот истакнуваат дека причината за тоа е отсутноста на брачниот партнер од дома, избегнување на разговори и слушање колку да се слушне… Па направете се да Ве чуе!!! Мажите и не се баш склони кон слушање, но доколку му побарате 5 минути да Ве сослуша тогаш ќе добиете и 10 минути. Во текот на тие 5 минути не му давајте совети и ќе видите дека тој ќе се внесе во разговорот кој ќе трае многу повеќе од очекуваното.
4. Многу од брачните парови се расправаат за една иста работа повеќе од 2 недели, за разлика од успешните брачни двојки кои веднаш го решаваат проблемот и на тој начин ги избегнуваат неподносливите ситуации.
