Уште едно задолжително парче облека за ова пролет е тексас фустанот. Изгледа навистина уредно, а сепак е лежерно и комотно.
Со впечатливи аксесоари и потпетици ќе добиете гламурозен изглед, додека за дневната опуштена прошетка можете да го носите со рамни балетанки или римјанки. Верувајте, во било која комбинација ќе изгледате одлично!
Тексас фустанот е актуелен веќе неколку години, со што само се докажува дека е вистински избор за секоја пригода.












