Art & Crafts

Тест – Проверете дали имате моќна интуиција

Дали во животот се водите според гласот на разумот, или пак знаете да се потпрете на вашата интуиција ???

Во која мера е развиено Вашето шесто сетило?…ќе дознаете во следниов квиз !

1.  Дали Ви се има случено наутро, штом ќе станете, да имате решение за проблемот кој ве мачи веќе неколку денови ?

а)  понекогаш ( 5 бода )

б)  никогаш ( 1 бод )

в)  често ( 10 бода )

2.  Вашата пријателка Ви поставува провокативно прашање…

а)  Не придавате никакво значење на тоа ( 1 бод )

б) Чудно…помислувате, но ќе поминете преку тоа ( 5 бода )

в)  Веднаш претчувствувате вистински повод за прашање ( 10 бода )

3. Колку обрнувате внимание на говорот на телото ?

а)  По малку ( 5 бода )

б)  Многу ( 10 бода )

в)  Не приметувам ( 1 бод )

4.  Ве чека многу важен  и решавачки разговор :

а)  Се прашувате што да облечете ( 5 бода )

б)  Се трудите да имате што посигурен став ( 10 бода)

в)  Се стремите да се претворите во личноста што е пред Вас ( 1 бод )

5. Наидовте на здодевен собир…

а)  Чекате, со надеж дека бргу ќе заврши ( 1 бод )

б)  Изнесувате идеја која би ја окончала дискусијата ( 5 бода )

в)  Предложувате да се излезе на пица ( 10 бода )

6. Што цените најмногу кај едно машко ?

а) Стилот ( 5 бода )

б) Духовитоста ( 10 бода )

в) Физичкиот изглед ( 1 бод )

7.Што Ви значат правилата во животот ?

а) Ни даваат правец во однесувањето ( 5 бода )

б) Потребни ни се за правилно да живееме ( 1 бод )

в) Наведуваат на престап ( 10 бода )

8 . Кое мото од следниве би го избрале ?

а) „Сто акушерки- килави деца“

б)„ Подобро еден ден како лав, отколку сто како глушец“

в) „Бавно му оди на оној кој се свртува“

Од 32 до 55 бода:   Вие сте умерено интуитивни и често не му дозволувате на Вашето често сетило да исплива на површина…До тоа би дошло, само ако ја зголемите Вашата самодоверба…Кај Вас- интуицијата се раѓа, но Вие го слушате разумот…На интуицијата и верувате само откако работите ќе се случат. Почнете да ги следите идеите кои за Вас се несекојдневни и повеќе верувајте во себе.

Од  56 до 80 бода:   Вам, интуицијата Ви е постојан сојузник низ животот и премногу Ви е развиено шестото сетило. Често избегнувате алтернативни решенија и затоа на луѓето им делувате ексцентрично. Продолжете така и не плашете се дека она што ќе произлезе од кругот на рационалноста, ќе ја загрози Вашата стабилност.

Напиши коментар