Мојата кујна

Тиквички со топено сирење и пармезан

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 средна тиквичка

* ¼ чаша сирење

* 2 супени лажици млеко или павлака

* ½ чаша моцарела

* ¼ чаша рендан пармезан или биено сирење

* 1 јајце

* млад кромид без перца

* 1 чешне лук

* 1 мала лажичка скроб

* 1 лажица свежи зачини – нане, копар, или друг по желба

* сол, пипер и пармезан за подобар вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрво ја лупиме тиквичката, а потоа ја рендаме и ја ставаме во сад. Ја посолуваме и како таква ја оставаме да одстои 20 минути.

Потоа тиквичката ја цедиме и ставаме во длабок сад, а моцарелата и сирењето ситно дробиме и рендаме.

Истата постапка ја повторуваме и со кромидот и лукот.

Во садот со тиквичката ги додаваме сирењето, моцарелата, јајцето, млекото и скробот, а додека мешаме ги додаваме и исечените главици лук и кромид.

Смесата добро ја мешаме ја посолуваме и наросуваме по вкус секако и црн пипер. Веќе подготвената смеса е спремна за печење, па затоа ни е потребен еден керамички сад. Во загреана рерна на 180 степени печеме од 20-30 минути.

Откако ќе зарумени садот го вадиме од рерна и врз смесата посипуваме пармезан или рендаме кашкавал по желба. Оставаме да се пече уште околу 5 минути. Потоа садот го вадиме и нашиот денешен рецепт е спремен за конзумирање.

 

Write A Comment