Стресот е секојдневна појава со која се соочуваат повеќето од нас. Покрај нервозата, стресот има и бројни физички симптоми како што се главоболката, недостатокто на енергија, пад на имунитетот, па дури и проблеми со дигестивниот систем.
Кинескиот метод за лечење, познат како акупресура, објаснува дека на човечкото тело постојат одредени антистрес точки, со чија стимулација телото почнува да се опушта и се отстрануваат стресот и напнатоста.
Главоболката, проблемите со варењето, несоницата и нервозата се само некои од ситуациите кои можете да ги решите за само неколку минути и тоа со притискање на една точка. Таа точка на телото се нарекува Шен Мен и се наоѓа на горниот дел на ушната школка, а истата се активира со лесно триење. Нејзиното име во слободен превод значи „врата на рајот“, а со нејзино притискање се намалуваат стресот и болката, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот.
Упатство за масажа на Шен Мен точката, која ги опушта телото и духот:
1. Со стапче за уши притиснете ја точката на ушната школка и нежно масирајте ја.
2. Дишете бавно и длабоко и слушајте како вдишувате и издишувате.
3. Додека вдишувате држете го погледот кон левата страна, а додека издишувате кон десната, но без да ја вртите главата.
4. Постепено ќе почувствувате како вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат.

Совети:
Оваа точка на ушната школка можете да ја масирате и со врвовите на прстите.
Масирајте ја секогаш која ќе почувствувате дека сте под голем стрес.
Постапката можете да ја повторувате секој ден пред спиење.
