ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 гр. путер
* 250 гр. шеќер
* 4 јајца
* 4 (штангли) чоколадо
* 100 гр. потпечени,па сомелени бадеми
* 1 мала чашка рум
* бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Путерот и шеќерот се матат додека не се направи пена. Во изматената смеса додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење. Потоа додадете го растопеното чоколадо и на крај бадемите. Во долгнавесто тавче наредете ги бисквитите, кои претходно сте ги потопиле во малку вода помешана со рум. Преку бисквитите ставете од филот и се така редете додека не се потрошат и бисквитите и филот. Последниот ред од тортата е само бисквити. Оставете ја во фрижидер да се стегне, а кога ќе се олади ставете и шлаг пена или чоколаден прелив.