Едноставна, сочна, чоколадна фантазија.Време за подготовка 30 минути
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 јајца
250 г. чоколаден крем (Еуро крем, Нутела или било кој друг чоколаден крем)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги матите со миксерот целите јајца 10 минути додека не се соедини смесата. Чоколадниот крем го топите на пареа и во него додавате најпрво третина од изматените јајца, мешате, потоа втората третина, соединувате и го додавате остатокот од изматените јајца.
Во премачкана (со зејтин) тепсија, посипувате презла и ја нанесувате смесата и ја печете на 180 степени, околу 20 минути. Тортата се служи, откако ќе се олади.
