← НАЗАД НА БОЗА

Торта од костени

Торта од костени
792 Читања

Потребни состојки за бисквитот:

–      6 јајца

–      180 гр шеќер

–      1 ванилин шеќер

–      80 гр брашно

–      60 гр скробно брашно

–      60 гр какао

Потребни состојки за филот:

–      440 гр пире од костени

–      1 лажица лимонов сок

–      7 лажици шеќер во прав

–      6 лажици слатка павлака

–      200 гр чоколада за готвење

–      ½ шолја мармалад од кајсија

Подготовка на бисквитот:

Одвојте ги белките од жолчките. Округлата тава за печење со дијаметар 24 цм намрсете ја и посипете ја со брашно. Загрејте ја рерната на 180 степени. Жолчките со половина од шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер за да добиете пенеста смеса.

Од белките направете цврст снег, па одеднаш целиот снег ставете го во смесата со жолчки. Измешајте убаво со лажица. Додајте го брашното, скробното брашно и какаото. Мешајте со лажица.

Ставете го тестото во тавата за печење и ставете го во рерна да се пече околу 25 до 30 минути. Не ја отварајте рерната првите 15 минути зошто тестото ќе спласне.

По 25 минути со чепкалка проверете дали тестото е печено, ако е потребно оставете го уште 5 минути.

Извадете го од тавата и оставете го нека се излади. Тестото пресечете го на три дела.

Подготовка на филот:

Измешајте го пирето од косетни со лимоновиот сок, слатката павлака и шеќерот во прав. Со смесата премачкајте ги тестата. Одозгора тортата премачкајте ја со растопенмармалад од кајсии.

На пареа растопете ја чоколадата за готвење, нека се излади малку и убаво премачкајте ја тортата.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk