Bridal

Тренд на разголени венчаници

На големиот ден секоја невеста сака да биде забележана, но дали е подготвена да оди до крај за да го постигне тоа?

Последниот тренд во венчалните фустани се креации што оставаат многу малку на фантазијата, па практично е невозможно да се носат во долна облека што не е во боја на кожата. Се разбира освен ако не сакате да се појавите гола на својата венчавка.

Креациите на Inbal Dror, Houghton, Vera Wang и Alon Livne промовираат далеку посмел изглед на венчаници што се изработени од префинети и провидни материјали и со сигурност не се наменети за срамежливи невести.

Би се осмелиле ли да облечете ваков фустан?

Write A Comment