Мода

Трендовски џемпери и џемпери за сите прилики

Иако летото на многумина им е омилено годишно време како за сонцето така и за летната модерна гардероба, и есента си има свои убавини кога станува збор за модата. Едно од парчињата облека кои секако ја одбележаа ова сезона се волнените и топли џемпери кои можат да се носат на разни начини и за разни пригоди.

Волнените џемпери и џемперите воопшто можат да се комбинираат со разновидни модни парчиња и за различни прилики.

Ниските температури во нас го будат копнежот по летото, минијатурните крпчиња  алишта како и доживувањата на сонце и на отворено.

Но и есента и зимата си имаат своја убавина посебно кога станува збор за модата.  Освен модните додатоци како што се шаловите, капите, ракавиците и разноразните покривки; бунди и  капути ова сезона ја одбележаа и волнените модни парчиња.

Волнените џемпери, туники, фустани и понча од топли и меки материјали можат да се носат во разни комбинации… со кратки панталони, мини здолништа, со најлон чорапи, фармерки па се до елегантни здолништа.

 

Бидете креативни и одберете си волнено парче облека кое најдобро ќе ве прикаже и уживајте во топлата трендовска комбинација.

Напиши коментар