Здраво тело

Три природни состојки против потење

Доколку имате проблем со зголемено потење во текот на летните денови, а козметичките препарати не ви помагаат, обидете се со овие природни методи.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ги убива бактериите и на тој начин делува како природен дезодоранс. Натопете памук со мешавина од јаболков оцет и вода (2:1) и со тоа поминете на деловите на кои најмногу се потите. Повторувајте ја оваа постапка секоја вечер пред спиење.

Сода бикарбона

Прстофат сода бикарбона додадете во малку вода или на влажни прсти, а потоа нанесете под пазувите, кога ќе се исуши остатокот од правта отстранете го со марамче.

Лимон

Лимонот отсекогаш се користи како средство за контрола на прекумерното потење. Неговата киселина ги убива бактериите и на тој начин, исто како и јаболковиот оцет, делува како природен дезодоранс.

Лимонот исечете го на два дела, со едната половина поминете под пазувите, оставете да делува 15-30 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Единствено на што треба да обратите внимание, после третманот со лимон избегнувајте изложување на сонце.

Write A Comment